Нашата компанија Аква Дејон Плус од Скопје е основана во далечната 1993 година под името ДЕЈОН и со помали промени во името, сопственичката структура и статусот успешно постои и функционира и ден денес под името АКВА ДЕЈОН ПЛУС.
Таа е прва , приватна компанија за производство на оцет и оцетни производи и антифриз на територијата на Р.Македонија. Своето денешно име и статус го добива во 2012-та година и е регистрирана во регистарот на компании кои се оператори со храна и компании лиценцирани за производство и промет на хемикалии.
Истовремено е увозник на Балсамико оцет од Италија кој го пакува во сопствена амбалажа и под свое име. Производство на Антифриз (-40, концентрат, ЕКО), Антифриз Г12 црвен, средства за чистење и одмрзнување ветробрански стакла (КЛИН-Х и АЈС-Х), Дестилирана вода, Глицерин ДОТ 3 и 4. Производство на специјален Антифриз СОЛАР ( за парни и соларни системи) како и Прехранбен антифриз СОЛАР+ (нетоксичен) за употреба во месната, млечната, винската индустрија.
Компанијата е директен увозник и на Прехранбена оцетна киселина, која ја пласира на пазарот на конзервните индустрии во Р.Македонија.